Почина актерот Митко Апостоловски

Македонскиот актер Митко Апостоловски почина на 67 годишна возраст.



Неговиот колега Петар Горко преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од него.

„ Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот, напиша Горко.

„Денеска не напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме“, објави Битолски театар.

Апостоловски е роден во Битола на 7 март 1955 година. Дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работел во Народниот театар во Битола (1973 — 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 — 1995). Играл во многу телевизиски серии и филмови.

Меѓу бројните улоги в театар, ТВ и на филм се и во филмовите „Големата вода“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“ „Јас сум од Титов Велес“, „До балчак“ и други.