Ердоган ќе го урива културниот центар Ататурк!

Бес во јавноста предизвика претседателот на Турција кој вчера објави дека планира да го урне културниот центар во Истанбул именуван по основачот на модерната секуларна Турција, Кемал Ататурк,
Критичарите велат дека тоа е уште еден обид на владејачката партија со исламистички корени да го отфрли секуларизмот.
Ова е втор обид на Таип Реџеп Ердоган да го урне Центарот за култура Ататурк (АКМ), именуван по Мустафа Кемал Ататурк, по првичниот план за реконструкција на објектот во близина на плоштадот Таксим во 2013 година што беше избувна во масовни протести против турската владејачка партија АК, пренесува Ројтерс.
Проектот предвидува изградба на оперска куќа, театарска сала, конференциски центар и кино на сегашната локација која е во близина на паркот Гези, епицентарот на протестите во 2013 година. Пред четири години Ердоган сакаше да изгради реплика отоманска барка на местото.
„Денес Турција почнува нешто што требаше да го направи пред 10 години“, рече Ердоган на церемонијата на која го објави проектот. Тој рече дека новата зграда ќе биде “нова и поголема” оперска куќа, нарекувајќи ја како „нов АКМ проект“.
Ердоган, кој беше градоначалник на Истанбул во 1990-тите, долго време се залагаше за потребата од замена на АКМ, велејќи дека зградата не е отпорна на земјотреси. Културниот центар затворен за јавноста во изминатите 10 години поради несогласувањата во врска со неговото реновирање и инфраструктура.
Кемал Ататурк
Противниците, сепак, го гледаат планираното уривање како дополнителен доказ дека Ердоган, побожен муслиман и неговата АК партија сакаат да го сменат секуларниот поредок што го утврди Ататурк во 1920-тите и да ја намали употребата на името и имиџот на основачот на модерна Турција во јавниот живот.
Турската комора на архитекти во петокот објави дека уривањето на АКМ е „криминал“ и кршење на уставот.