Министерствата за надворешни работи и за одбрана во заедничко соопштение ѝ одговорија на портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова, која на вчерашниот брифинг ја оцени испораката на тенковите Т-72 на Украина како голема грешка на раководството на Македонија.



Двете министерства во заедничката реакција нагласуваат дека Македонија е суверена земја, која самостојно донесува одлуки, но и членка на НАТО.

„Северна Македонија од самиот почеток на воената интервенција во Украина ги поддржа територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Владата веќе донела неколку одлуки за воено-техничка помош на Киев.

Министерството за одбрана на 29 јули информира дека на Украина ѝ донирале тенкови од купените од оваа земја за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, без да се прецизира нивниот број.