„Дали е национализам, на пример, ако забележам дека некој од песната „Во борба, македонски народе“, изведена на манифестацијата во Крушевио, ги отстранил стиховите во кои се вели дека над главите на партизаните знамето на Гоце се вее, а во полињата фашистичка крв се лее?



Дали е говор на омраза ако таа постапка ја наречам идиотска? прашува новинарот Бранко Героски во коментар отако вчера неппознат цензор решил да „прескокне“ делови од добро познатата песна поврзана со македонската парртизанска епопеја.

„Дали смеам да укажам дека ова е безочна цензура на уметничко дело и дека вистинските уметници не смеат да пеат цензурирани песни?

Дали сум во право ако утврдам дека не е патриотски од оваа прекрасна песна, која говори за борбата на македонскиот народ во Втората светска војна, од политички причини да се отстранат и Гоце Делчев (еднаш, во една пригода, веќе беше отстранет од македонската химна) и крвта на фашистите, особено што тие, барем во оваа прилика, не се именувани како бугарски?

Или, ајде прашањата да ги поставиме поинаку.

Дали е ова во согласност со Преговарачката рамка и со протоколите? Ова, да се бришат Гоце Делчев и историската вистина дека овој народ бил под фашистичка чизма?

Дали вака се шират добрососедството и европските вредности?

Дали е европска вредност да се негира фашизмот во Втората светска војна?

Дали е тоа тој патриотизам што не е национализам?

Дали е патриотизам на Радев да му се испрати „благодарница, вино и охридска пастрмка“, а национализам да му се врачи протестна нота, поради дивеењето на навивачите на фудбалскиот натпревар во Софија меѓу ЦСК и Македонија Ѓорче Петров, на пример?

Видете… Сосема е можно е да не се разбереме за овие прашања. Полека се убедувам дека тоа е веќе неизбежно.

(…)

Да бидам искрен, кога ја слушнав цензурираната верзија на песната „Во борба, македонски народе“, се почувствував окупиран од таа агресија и од таа дрскост на цензорот. Да дојдеше во тој миг некој да ме спроведе во участокот за да ме фрлат од вториот кат на плочникот, ќе го доживеев тоа како нормален след на нештата. Како судбина…

Кај сме кинисале, ќе дојдеме и до таму…