Нова студија која ги испитува практичните, правните и техничките аспекти на понатамошното проширување на ЕУ покажувала дека „само ПЈРМ би можела да ги исполни критериумите за членство во ЕУ пред 2023 година“.
Србија, која се смета за пионер заедно со Црна Гора, ќе може целосно да се придружи кон средината на 2030-тите години, а исто така и Турција, пишува EURACTIV.gr.
Студијата ја разгледува можноста на пет земји земји кои сакаат да се приклучат на ЕУ пред 2050 година врз основа на критериумите за пристапување кои беа користени во проширувањето од 2004 година кога беа примени десет нови членки (Естонија, Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија).
Според студијата, наводно ПЈРМ е единствената земја што може да ги исполни тие критериуми пред 2023 година, додека Србија и Турција ќе можат целосно да се придружаат на ЕУ кон средината на 2030 години.
Покрај тоа, Албанија и Босна и Херцеговина можеби нема да можат да ги исполнат критериумите за членство во ЕУ пред 2050 година.
Студијата не вклучува прогнозите за Косово и Црна Гора, нема доволно податоци за веродостојна проценка.
Покрај тоа, Косово сé уште не е признаено од пет земји-членки на ЕУ, па пристапувањето во моментов е дискутабилно.
Раководителот на истражувањето, Тина Фрејбург, за EURACTIV.gr изјави дека Црна Гора, која od 2006 година е независна од Србија, “има карактеристики споредливи со оние во Македонија”.
Изгледите на Црна Гора за успешно членство се добредојдени во Брисел, иако некои фактори како што се прекуграничниот конфликт со Косово и понатаму постојат, но пречките за членство во ЕУ се од мала важност во споредба со другите земји-кандидатки.
Фрајбург заклучува дека резултатите од студијата се чини, ги намалуваат очекувањата за проширување на ЕУ.
`