Посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван не е во спротивност со политиката на „една Кина“ што ја водат американските власти.
Ова го соопшти портпаролот на американското Министерство за одбрана, Џон Кирби.
„Да бидам јасен: Посетата на спикерот е целосно во согласност со нашата долгогодишна политика на една Кина. Јасно ставивме до знаење дека немаме промена во оваа политика“, објасни Кирби за време на брифингот.
„Политика на една Кина“ е надворешнополитички принцип според кој земјите го признаваат постоењето на само една земја која тврди дека се нарекува Кина, а тоа е Народна Република Кина (НРК), но не и Република Кина (Тајван).
Соединетите Држави воспоставија дипломатски односи со НР Кина во 1979 година, одбивајќи да го признаат Тајван.







