Американското Министерство за финансии воведе санкции за Алина Кабаева, позната пријателка на рускиот претседател Владимир Путин, објави Си-Ен-Ен.
Таа подпадна под мерките насочени кон руската елита поради тековната војна во Украина.
Алина Маратовна Кабаева, за која се верува дека имала афера со рускиот лидер, официјално е санкционирана со образложение дека „била функционер, висок функционер или член на одборот на директори на владата на Руската Федерација. “, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.
Во него, 39-годишната Кабаева е опишана дека има „блиски односи со Путин“. Таа е поранешен пратеник во Државната дума и е актуелен директор на Националната медиумска групација, која се смета за про-Кремљ медиумска империја, под чија капа се голем број телевизиски програми, радио и печатени публикации.
Уште во април, Wall Street Journal објави дека САД размислуваат да ја санкционираат Кабаева, но постојат стравувања дека таквиот потег ќе ги зголеми тензиите околу нејзината врска со Владимир Путин.
Претходно, Европската унија и Обединетото Кралство воведоа санкции за Кабаева.






