Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески со честитка од Канада до сонародниците за големиот државен и верски празник во татковината и меѓу Македонците насекаде низ светот.
„ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ!
СРЕЌЕН ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ!
Одлично поминато време на ‘Отава чемберфест’ со концертот на камерна музика во живо, како и со прекрасниот прием на северноамериканската премиера на МАКЕДОНИСИМО
Малку chill out време да го прославиме заслужениот успех со соодветен македонски дух пред да го прегрнеме небото на враќање дома“, напиша Трпчески на Фејсбук.





