Пелоси слета во Тајван и покрај кинеските предупредувања (ВИДЕО)

Претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси слета во Тајпеј, главниот град на пркосејќи имј на кинеските предупредувања да не го посети Островот за кој Пекинг тврди дека е негова територија.



Ова е прва посета на Тајван од висок американски функционер од 1997 година.

Кина претходно вети дека нејзината одлука ќе има „сериозни последици“.

Според извештаите на кинеските државни медиуми, борбените авиони Су-35 на земјата го преминале Тајванскиот теснец додека авионот на Пелоси слетувал во Тајпеј, без да се разјасни нивната цел.

Посетата многу веројатно ќе резултира со ескалација на тензиите меѓу Кина и Соединети Држави.
Пелоси и другите членови на конгресната делегација се спуштија на аеродромот Сонгшан во Тајпеј во 22:44 часот, локално време, потврди Вашингтон пост

Посетата на Пелоси ја разбесни Кина, која со години се обидуваше дипломатски да го изолира островот и смета дека таквата размена со високи странски достоинственици е поддршка за тајванската независност.

Кинеската комунистичка партија го смета Тајван, во којаживеат 23 милиони луѓе, како нејзина територија и покрај тоа што никогаш не владеела со него.

Кинескиот лидер Си Џинпинг вети дека ќе го „повторно обединува“ Тајван со Кина со сила доколку е потребно.