Твитер профили блиски или платени од СДСМ бараат казни за двајцата членови на хорот што пееше вчера на владината прослава на Илинден во Крушево.
За време една говорот на Ковачевски двајцата хористи го покажаа знакот за македонско национално обединување што е можно кога Македонија ќе стане дел од ЕУ.
,,Тарабунов и Здравковски изразиле политичка припадност, на службен официјален настан! Со покажување на вмровскиот знак, изразиле непочитување кон Премиерот и настанот! Овие тенорци, фанови на терористот Дурло треба да бидат санкционирани!”, пишува на Твитер профил кој е дел од ,,ергелата” ботови чија задача е да ги напаѓаат сите критичари на владата.
Притоа се објавува член од Закон со кој следува сканција за административните работници каде се ставаат и двајцата храбри користи чија реакција ја биде цела Македонија во директниот ТВ пренос.
Во коментарите на твитот може да се види дека и за оваа тема Македонците се длабоко поделени.
Тарабунов и Здравковски изразиле политичка припадност, на службен официјален настан! Со покажување на вмровскиот знак, изразиле непочитување кон Премиерот и настанот! Овие тенорци, фанови на терористот Дурло треба да бидат санкционирани! pic.twitter.com/7QaUBGQrrA
— Фана ✊🏼 (@fanaherojot) August 2, 2022
Поврзана вест
Двајца хористи во Крушево на премиерот му покажаа што мисли македонскиот народ (ТВИТ НА ДЕНОТ)






