Во параклисот на манастирот Прохор Пчински во Република Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград.



Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува:

„На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, каде народните избраници донесоа историски одлуки со кои се воспостави државност и самобитност на македонскиот народ изразувајќи ја својата определба да живеат заедно со народите на Југославија“.

Цели18 години, СПЦ забрануваше воманастирот да се чевствува АСНОМ,а салата каде се одржа заседаниетона АСНОМ беше претворена во – трпезарија.

Во манастиро денеска ќе присуствува македонска делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски, а претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ќе имаа заеднича литурдија со свештаници од СПЦ.

Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.