Пентагон објави дека на Украина ќе и испрати нов пакет помош во вредност до 550 милиони долари.
Помошта вклучува дополнителна муниција за артилериските ракетни системи со висока мобилност (HIMARS), објави Ројтерс.
За да се исполнат барањата на бојното поле, САД ќе продолжат да работат со своите сојузници и партнери за да и обезбедат на Украина критични капацитети, се вели во соопштението на Пентагон.






