Тајван ги подготви своите засолништа за бомби во услови на зголемени тензии со Кина и упадот на Русија во Украина, што предизвикува нови стравувања за можноста од кинески напад на островот, пренесува Ројтерс.



Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска се очекува да го посети Тајван, иако тоа официјално не е на нејзината агенда и покрај експресните предупредувања од Пекинг за таква посета.

Од своја страна, американската администрација соопшти дека нема да дозволи да биде заплашена од Кина.

Кина го смета Тајван за своја територија и ја зголеми својата воена активност во воздухот и водите околу неа. Тајван вети дека ќе се брани и го направи зајакнувањето на својата одбрана приоритет со редовни воени вежби и вежби за цивилна одбрана.