Весникот на албански јазик Љајм објавува дека за в петок се закажани нови протести за случајот „Диво Насеље“. Според веснникот, протестот ќе се оддржи во Скопје во петок, 10 ноември.
Новите протести ќе се случат во 12:30 часот на плоштадот Скендербег во Скопје и нивна цел се високите казни за обвинетите во случајот Куманово а овој пат не е најавено дека протестот ќе продолжи кон Кривичниот суд.
Во неделата во Скопје се случија мирни протести на кои беше побарана „меѓународна пресуда“ за осудените лица во Кумановските настани а предходно за време на сличен протест во Приштина беше запалено македонското знаме.





