Со заедничка литургија на
Македонската и српската православна црква со заедничка литургија денеска ќе го одблежат празникот Илинден во манастирот „Прохор Пчински“. П
Ќе сослужуваат митрополитот струмички Наум, кумановско-осоговскиoт митрополит Григориј и епископот стобиски Јаков од МПЦ и епископот врањски Пахомије од СПЦ. Присутен ќе биде и српскиот министер за надворешни, Никола Селаковиќ. Во манастирот, празникот ќе го чествува и македонското малцинство од Србија.
За првпат по 18 години во „Прохор Пчински“ ќе оди и државно-црковна делегација предводена од претседателот Пендаровски. Дел од делегацијата, освен претставници од МПЦ, присутни ќе бидат и министерката за одбрана Славјанка Петровска, пратениците Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.
Сител дознава дека поради здравствени причини, архиепископот г.г Стефан, нема да биде присутен на церемониите.






