Некогашниот соработник на Осама бин Ладен и водач на Ал Каеда Ајман ал Завахири беше убиен во неделата на 31 јули во авганистанската престолнина Кабул при напад на ЦИА со беспилотен авион, пренесе „Ројтерс“.
Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека Завахири е убиен во антитерористичката операција на американските вооружени сили во Авганистан.
Ајман ал Завахири, родум од Египет, се сметаше за десна рака на Осама бин Ладен. Откако беше убиен Осама бин Ладен во мај 2011 година, Ајман ал Завахири стана лидер на Ал Каеда.
Истата година – во 2011 година, американските власти објавија награда од 25 милиони долари за каква било информација за новиот водач на терористичката група.
Претседателот Џо Бајден беше категоричен дека нема да дозволи САД да дозволат Авганистан уште еднаш да стане рај за терористите.
Во меѓувреме, портпаролот на талибанците Забихула Мудхаџид потврди дека САД извршиле напад. Без да навлегува во повеќе детали, тој го дефинира како кршење на „меѓународните принципи“.
Смртта на Завахири е најсериозниот удар за Ал Каеда од убиството на водачот на групата Осама бин Ладен во 2011 година.







