ТВ Телма бара извинување од министерот за финансии Тевдовски

фото: факултети.мк



Телевизијата Телма во своето вечерашно изданиа на емисијата Топ Тема од министерот за финансии Драган Тевдовски побара јавно извинување за неговата изјава дадена во врска со коментарите на јавноста и од медиумите за зголемувањето на цената на дизел горивото.

Водителот на Топ Тема Боби Христов во емисијата на оваа тема од советникот на миниситерот Рилинд Кабаши кој што беше гостинн на Телма побара Тевдовски да се извини за коментарот според кој „медиумите не требало да шпекулираат за цената на дизелот затоа што биле неуки“.

Христов кој што го критикуваше Тевдовски дека го испратил Кабаши наместо да дојде и сам да ја брани одлуката за зголемување на цените на дизелот, побара извинување до медиумите и целата јавност од министерот и од службата за информирање на владата која што според него брои 40 луѓе“.

Остри критики за Тевдовски упатија и други медиуми кои што сметаат дека Тевдовски со тоа од една страна ја навредува целата новинарска фела во која што има одлични познавачи на економијата и финансиите а од друга страна се обидува да ги замолчи медиумите.