Ван ден Берг сугерира внатрешна истрага за да откријат епските дипломатски катастрофи

Холандскиот познавач на состојбите во Македонија и Западниот Балкан Ханс Ван ден Берг реагира на информациите за закажаната па откажана седница на дисциплинска комисија која требаше да го казни, суспендира или избрка од работа еден од најискусните професионалци дипломати и претседател на Македонскиот Дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ.



Ван ден Берг сугерира во МНР кое го води министерот Бујар Османи да започне интерна истрага која би довела и до причините за скандалозниот документ во кој владата ја кажа својата позиција за македонскиот јазик.

Документот беше дел издаден од МНР а според македонистите беше неписмен и неточен.

,,Внатрешната истрага мора да открие што подразбира тековната деловна култура на Министерството за надворешни работи и како тоа доведува до надворешни епски неуспеси, како што е едностраната декларација (за макеоснкиот јазик)”, сугерира холандскиот експерт според кого овој документ на владата ја ослабува позицијата на Македонија.

Според него неуспех на одделите во МНР и лошото управување со министерството најдобро се истражуваат со внатрешна истрага барем во првата фаза.