Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска потврди дека неделава ќе посети четири азиски земји, но не го спомна Тајван.



Нејзината претходна најава за посета на островот што Кина го смета за своја територија, предизвика тензии со Пекинг.

Пелоси сега изјави дека ќе ја предводи делегацијата на Конгресот во Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија за да разговараат за трговијата, пандемијата, климатските промени, безбедноста и „демократското владеење“.

Се чека дали таа сепак ќе потврди дека ќе го посети Тајва, јавува Асошиететд прес.

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди САД да не се мешаат во односите на Пекинг со островот во телефонскиот разговор во четвртокот со неговиот американски колега Џо Бајден.

Кинескиот претседател до Бајден: Не си играјте со оган

Пекинг го гледа официјалниот американски контакт со Тајван како охрабрување и потврда на неговата де факто независност со децении од Кина.

Доколку таа сепак слета на островот, тоа ќе биде прва посета од највисокиот избран американски функционер што ќе го посети Тајван по 1997 година.

Администрацијата на Бајден јавно не ја повика Пелоси да го избегне Тајван, туку се обиде да го увери Пекинг дека нема причина да „дојде до судири“ и дека доколку дојде до таква посета, тоа нема да сигнализира промена во политиката на САД.