Ковачевски пречекан со незгодна ,,герила” акција во Тетово (ФОТО)

Премиерот Ковачевски денеска беше пречекан со герила акција за време на посетата на Тетово.



Непознати луѓе за време на престојот на премиерот на овој град на надвозник поставија банер со порака до Ковачевски кој нема да му се бендиса.

На банерот пишува ,,Предавството не се простува” и најверојатно се однесува на одлуката на Ковачевски да го прифати францускиот предлог и бугарскиот протокол.