По патувањето во Канада, каде беше да се извини за злоделата на Католишката црква врз домороднотонаселение на крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век, папата Франциско призна дека размислувал да поднесе оставка, признавајќи дека повеќе не може да патува како порано поради истегнување на лигаментите на коленото.



Тој ја отфрли можноста за операција на коленото, велејќи дека тоа не може да помогне и истакна дека „сè уште има траги“ од ефектите на повеќе од шест часа анестезија во јули 2021 година за отстранување на 33 сантиметри од неговото дебело црево.

„Ќе се обидам да продолжам да ги правам патувањата и да бидам близок со луѓето бидејќи мислам дека тоа е начин на сервисирање, да се биде близок. Но, повеќе од ова, не можам да кажам“, рече тој.

Тој рече дека еднонеделниот аџилак бил „мал тест“ што покажал дека треба да забави и еден ден евентуално да се пензионира, објави Еј-Би-Си њуз.

Говорејќи пред новинарите, 85-годишниот папа истакна дека не размислувал за оставка, но „вратата е отворена“ и дека нема ништо лошо во тоа што папата се повлече.

„Не е чудно. Не е катастрофа“, рече тој и додаде дека досега не размислувал да поднесе оставка, но сфатил дека мора барем да забави.

Неговиот претходник, папата Бенедикт XVI стапи поднесе оставка 2013 година и тоа беше прва оставка на челник на Светта столица откако во 1415 година, папата Григориј XII бил принуден да поднесе оставка за да се стави крај на западната шизма, и првиот папа што доброволно поднесе оставка по пшапата Селестин V во 1294 година.

Сите други папи во модерната ера ја држеле позицијата од изборот до смртта.

Бенедикт за пичина на оставката го наведе опаѓањето на здравјето поради староста.

Конклавата за избор на неговиот наследник започна на 12 март 2013 година и го избра кардиналот Хорхе Марио Бергољо, надбискуп на Буенос Аирес, Аргентина – сегашниот папа кој го зеде името – Франциско.