Еден од најгласните поддржувачи на францускиот предлог и истакнат заштитник на политиката на министерот за надворешни работи, Бујар Османи во овој процес, беше пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски од Куманово. Како пример ја издвојуваме изјавата на оваа тема на пратеникот Костовски на 13ти јули 2022 година на Канал5 телевизија:
“Францускиот предлог не е совршен, меѓутоа е добра основа да се тргне чекор понатака, многу е битно да бидете на масата, а не да бидете предлог на масата. Ние не калкулираме, за нас најбитна е сигурноста и иднината на Република Северна Македонија, граѓаните да имаат извесна идндина.”
Костовски: СДСМ го зачува македонскиот јазик и идентитет, нема бугаризација
Но, прашањето кое легитимно се поставува е дали Мартин Костовски како пратеник имал конфликт на интереси во однос на МНР, бидејќи токму на 1ви јули 2022 година неговата сопруга Ивана Костовска, со потпис на министерот Османи е примена на работа во министерството за надворешни работи.
Во членот 72 од Законот за спречување на судир на интереси стои “службеното лице во своето работење е должно да внимава на потенцијален судир на интереси…види став 1 ….став 3” , што значи дека министерот Бујар Османи и пратеникот Костовски требало да побараат мислење од ДКСК дали вработувањето на сопругата на пратеникот во МНР е судир на интереси, бидејќи пратеникот по Устав и закон има надлежност да ја контролира работата на министерот како дел од извршната власт.


Според нашите информации од ДКСК ниту пратеникот Костовски, ниту министерот Османи не ја известиле оваа институција за вработувањето на сопругата на пратеникот, ниту побарале мислење за судирот на интереси.
Инаку Ивана Костовска, сопруга на пратеникот Костовски, на интересен начин напредува во кариерата. Од 2012-2015 година била вработена во Старечкиот дом во Куманово, за потоа во мај 2015 да добие вработување во општина Куманово, а од јули оваа година добива ново вработување, овојпат во МНР како дипломат во секторот за соработка со НАТО.





