Унгарскиот премиер изјави дека ќе потпише нов договор со Русија во наредните месеци, кој ќе ја снабдува земјата со речиси една милијарда кубни метри гас.
Говорејќи за локалното радио, Виктор Орбан вчера рече дека очекува договор со Москва ова лето за да ѝ обезбеди на Унгарија дополнителни 700 милиони кубни метри гас, пренесе Еуроњуз
„Преговараме со Русите… овој договор може да биде потпишан во текот на летото, а потоа ќе бидеме безбедни“, рече тој. „Унгарија ќе има доволно гас.
Еден кубен метар гас обезбедува приближно исто количество енергија како литар дизел.
Овој нов договор доаѓа по 15-годишниот договор што Будимпешта го потпиша со рускиот државен енергетски гигант Газпром минатата година за снабдување со околу 4,5 милијарди кубни метри гас годишно.
Најавата доаѓа откако унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја посети Москва минатата недела за да разговара за потенцијалот за договор со неговиот руски колега Сергеј Лавров.






