Има таков народ, партијата на Слави Трионов нема повторно да преговара за формирање влада со „Продолжуваме со промената“, „Демократска Бугарија“ и БСП во следниот парламент. Нема да има разговори со ГЕРБ, ДПС и „Вазраждане“ изјави за БТВ пратеникот од ИОТН, Станислав Балабанов.
На предвремените избори излегуваме сами против сите за да докажеме дека постои транспарентна и вистинска партија која нема да дозволи лицемерни политичари да си играат со нашето општество, се закани Балабанов.
Тој го оцени како целосен апсурд ИТН да коалицира со ВМРО.
Инаку, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов предлага на наредните предвремени парламентарни избори во Бугарија, неговата партија да се спои и да настапи во коалиција со партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов и со „Бугарски подем“ на поранешниот технички премиер Стефан Јанев.
Во декларацијата која ја објавија, од партијата на Каракачанов сметаат дека еден од темелните принципи на обединување е противењето на предавничката политика која дозволила да се прифати „францускиот предлог“. Tој, според нив, за сите патриоти е сосема спротивен од националните интереси на Бугарија.







