Блинкен вели дека го „притиснал“ Кремљ да ги ослободи двајцата затворени Американци

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека за време на разговорот со неговиот руски колега Сергеј Лавров го повикал Кремљ да го прифати предлогот за ослободување на двајцата Американци приведени во Русија – шампионката на Женската национална кошаркарска асоцијацијаБритни Гринер и поранешниот американски маринец Пол Вилан.



Нa прес-конференцијата во Вашингтон во петокот попладне, Блинкен рече дека имал „искрен и директен разговор“ со Лавров.

„Го притиснав Кремљ да го прифати суштинскиот предлог што го предложивме за ослободување на Пол Вилан и Бритни Гринер“, им рече на новинарите највисокиот американски дипломат, пренесоа медиуми..

Од своја страна Лавров на Блинкен му рекол дека ситуацијата со храна во светот е комплицирана поради американските санкции против Русија, , соопшти руското Министерство за надворешни работи, цитирано од ТАСС.

Лавров рече дека САД не ги исполнуваат своите ветувања за укинување на санкциите за снабдувањето со храна од Русија.