Комбинациите на тестенини не се непознати, не се нови и секогаш се вкусни. Но тоа што го нуди за непцете мешањето на јуфки и тарана во одреден редослед, и без ништо плус е нешто незаборавно. Таралникот не е скап, напротив, а потекнува од западна Македонија, велат од Дебар, и најавтохтон според мештаните е во селото Мелничани каде и го прават најдобро.



Потребни состојки:
-ЈУфки 500 грама
-Тарана 200 грама
-Масло или кравја маст 100 милилитри
-Сол

Подготовка:
Во поголема округла тепсија се става ред јуфки, па ред тарана (се штркнува) и тоа се повторува три пати, по што се става сол. Овој состав може да се загрее, да се потпекува, а потоа се прелива со вода додека не се прекрие делот со јуфки и тарана.
Се оече на 200 степени и тоа до зацрвенување на таралникот, се вади од рерна и додека е топол, се раскршува ( се растура) со вилушка. Во исто време малсото, а најдобро е кравјата маст се загреваат. Кога ќе прегори таралникот се прелева, се меша и е готов.
Ништо полесно, а ништо повкусно. Додатоци од типот на кисело млеко, југурт, сирење, урда, кашкавал се по ваш вкус иако уверуваме дека Мелничкиот таралник е сосема доволен и во основната верзија, па некои го јадат и со леб.