Професорката Билјана Ванковска ја коментира изјавата на академикот Абдулменаф Беџети кој најави формирање на Албанска академија на науки и уметности настрана од МАНУ.
Ванковска анализира каков е квалитетот на македонската наука и научници низ призмата на научни студии објавени во релеванти и престижни образовни институции и открива дека на гласањето за нејзината кандидатура за академик во МАНУ, Беџети и ,,компанијата” која не гласала за неа по што таа не беше изгласана за академик.
,Ако сакате да видите кој каква научна величина е, почнете една забавна работа: пребарувајте на интернет почнувајќи од академиците на МАНУ, од нивните биографии и библиографии, индексираност (Publon, Scopus, Google Scholar, Researchgate), видливост ( ORCID). Потоа продолжете кон оние што се собрале во етничка “академија”. Или дури и кон тие што се “докажани величини” (кои биле или се амбасадори, пратеници, министри, советници, публицисти, итн.).
И тогаш ќе ви стане јасна сета беда и неуспех на македонската наука (а со тоа и на албанската во Македонија). Најстрашно од се’ е што таа институција или никој не ја прашува за ништо, или самата нема што да каже/предложи, или е приврзок на властодржците. Но, суетите се големи како Олимп! Објавуваат во регионот до Табановце или отаде, во групи од по 10 автори (во општествени науки невидено нешто!), во еден зборник од конференција или број на списание по 3-4 трудови одеднаш (Беџети се истакнал откако станал академик – му тргнало, што да ви кажам!).
Многу сум горда што луѓе како Беџети и компанија ми дале НУЛА гласови. Нула од нули – тамам си е!”, пишува професорката Ванковска која е една од најцитираните и најобјавувана Македонка во научни списанија од првата лига на светската наука.






