Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски соопшти дека цената на топлинската енергија за потрошувачите приклучени на најголемата топлинска мрежа во Скопје се зголемува за 14,18 проценти.
Оние приклучени на таканареченото „железарското греење“ ќе плаќаат 15,58% повисока цена, а азголемувањето на цената на домакинствата приклучени на мрежата на Скопје Север е 16,31%.
„Единствена причина за зголемувањето на цената на топлинската енергија е драстичното зголемување на цената на природниот гас, којашто е за 10 пати повисока во однос на цената на природниод гас којашто ја имавме во минатиот период“, рече Бисломовски.







