Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување на „ClickPlus“ на ТВ21 рече дека тие што промовирале дека со потпишувањето на договор влегуваме во ЕУ, денес се најголеми критичари.



„Оние кои промовирале дека потпишуваме договор и готово е Бугарија ветер во грб ни дава, влегуваме во ЕУ, денес се најголеми критичари на тој пристап и затоа народот чувствува таква несигурност“, изјави Попоски.