Mенталното здравје на сторителот е причина за вчерашниот масакр во Баптистичка црква во Тексас, изјави американскиот претседател.
Во САД има силно лоби за подршка на правото за поседување оружје што е гарантирано со вториот амандман на американскиот устав.
Запрашан на прес-конференцијата во Токио, каква политика ќе поддржи за да се справи со масовните престрелки во САД, Доналд Трамп рече: “Мислам дека менталното здравје е проблем тука. Врз основа на прелиминарните извештаи, се работи за пореметен поединец со многу проблеми во подолг временски период“.
Според Трамп во САД имале „многу проблеми со менталното здравје“.
Тој смета дека причина за масакрот не е поседувањето оружје, пренесува лондонски „Гардијан“.
Ова е најсмртоносен напад во Тексас.
Убиецот Дејвид Патрик Кели, кој беше убиен од полицијата, е поранешен војник отпуштен од американската војска пред три години.
Во ужасниот напад, загинаа 26 лица, а 20 други биле ранети. Загинатите биле на возраст од пет до 72 години.




