Бугарија на Самуилова е носител на прабугарската државна традиција. Оваа традиција била зачувана во текот на целиот период на постоењето на Првата бугарска држава – од нејзиното создавање под Аспарух до нејзиното пропаѓање под наследниците на Самуил.
Првите Бугари на Балканот не биле „куберовите бугари“ или оние на Аспарух.
Првите Бугари се населиле на териториите на денешна Македонија уште во времето на царот Анастасиј (491-518), тврди во интервју за БГНЕС историчарот проф.д-р Георги Николов, кој пред неколку дена ја објави книгата „Од историјата на Самуилова Бугарија“.
Судирот меѓу царот Самуил и царот Василиј траел 50 години и бил најдолгиот воен конфликт на Балканот пред доаѓањето на османлиските освојувачи.
Гробот на цар Самуил на островот во Малото Преспанско Езеро е знак на бугарското присуство таму и овој знак треба да остане таму, велипрофесорот.






