Го направи ли вчера премиерот Ковачевски гафот на кариерата, му проработе ли подсвеста и беше искрен или неартикулирано го изговори тоа што му беше напишано во говорот од неговите советници.
На вчерашната седница на Собранието посветено на пратеничките прашања премиерот зборуваше за македонскиот јазик и идентитет кои според него ќе биле испочитувани во ЕУ и покрај бугарскиот протокол.
Во еден момент читајќи од подготвениот материјал тој вели дека македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици во унија, за која според тоа што се слуша, може да биде и Европска и Руска.
Предходно премиерот во три наврати ја спомнува Европската унија (на 1,40, на 2,00 и на 2,14 секунди) но таму јасно се слуша дека зборува за европска а не за руска унија.
Проценете сами дали Ковачевски по 3 минута зборува за руска или за европска унија.





