Британската министерка за надворешни работи Лиз Трус денеска изјави дека ќе биде најдобра пријателка на Украина доколку стане нов премиер, пренесе Ројтерс.
Трас рече дека ќе работи со сојузниците за да испрати повеќе оружје и хуманитарна помош во Украина.
„Како премиер, ќе бидам најголемиот пријател на Украина, по примерот на Борис Џонсон, и целосно ќе се посветам на тоа (рускиот претседател Вадимир) Путин да не успее во Украина и да претрпи стратешки пораз, како и дека Русија е ограничена во иднина“, рече таа во изјавата.







