Москва до Софија: Кога ќе посакате, доставките на гас ќе бидат обновени

Снабдувањето со гас ќе биде обновено во секое време доколку бугарската страна плаќа според шема која ги исполнува барањата на „Гаспром“, изјави руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова.



„Многу експерти, секако, повикуваат на прагматизам и, сепак, кон враќање на договорот со „Газпром“, кој важи до крајот на оваа година. Затоа, во секој момент кога бугарската страна ќе одлучи да плати според шемата што ја бара „Газпром“, „испораките ќе бидат обновени“, порача амбасадорката за „Росија 24“.

Според неа енергетската ситуација во Бугарија е многу тешка, во последните два месеци е регистриран значително поскапување на гасот.

„Тие не добиваат големо количество гас, иако има потпишани договори со Азербејџан. Оваа ситуација е многу тешка и за деловните и за индивидуалните фарми“, додаде Митрофанова.

На 27 април „Гаспром“ целосно го прекина снабдувањето со гас на „Булгаргаз“ поради неплаќање навреме во рубљи.

Бугарија тогаш објави дека нашла алтернативни опции за снабдување, вклучувајќи гас од Азербејџан по цена значително пониска од онаа што ја нуди „Газпром“.

Истовремено Бугарија веќе набави два танкера течен гас од САД, а договорена е испорака на уште 7 докрајот на оваа и во текот на идната година.