Премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниската седница не ја почитуваше хиерархијата на законодавната над извршната власт која тој ја претставува.
Наместо како функционер кој не е избран од народот туку од Зоран Заев да се однесува со должна почит кон пратениците кои ги избрал народот тој кажуваше каде да седат народни избраници.
Денска Ковачевски влезе во вербална расправија со пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои ги прогласи за од дома невоспитани поради нивното однесување на претходната седница.
Неповикан од никого на седницата посветена на пратенички прашања правеше распоред за седење во собранието на пратениците од опозицијата.
„Јас немам проблем да довикувате, да свирите со вувузели, да палите, да горите и да врескате. Човек може да добие формално образование, но ако има празнини во домашното воспитување, не му помагаат ни највисоки образовни институции. Такво нешто не се учи ниту во Собрание, ниту пред Собранието. Ама најлошо е кога такви луѓе, со празнини во домашното воспитување примаат плата за да воспитуваат нови и млади генерации. Тоа е уште полошо. Вашата политика, која што ја правевте тука, со палење, со ширење невистини, тоа не доликува на една демохристијанска партија. Тоа што го гледавме тука, со какви зборови се обративте на претседателката на Европската комисија , тоа го има направено само еден политичар во северна, соседна држава. Само еден политичар. Во северна, соседна држава тоа го има направено. И треба да се срамите од тоа што го направивте. Тука, на местото од Мицевски, не треба да седи Мицевски. Треба Апасиев да си го ставите напред. Затоа што политиката што ја водите, политика на штитење на интереси на трети држави е најпогубното нешто што некој може да им го прави на граѓаните на Македонија“, порача Ковачевски по дофрлувањата од опозицијата за време на неговото обраќање на седницата за пратенички прашања.
Видеото од неговото ,,редарско” обраќање во народниот дом каде тој беше гостин.






