Бајден ќе бара реизбор во 2024 година, иако јавноста не му е наклонета

Иако анкетите покажуваат дека 75 отсто од поддржувачите на Демократската партија не го сакаат за свој кандидат, Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024-та.



Анкета нарачана од Си-Ен-Ен, објавена во средата, покажува дека само 25 отсто од демократските гласачи ја поддржуваат номинацијата на Бајден во 2024 година.

„Не сме загрижени за изборите. Претседателот јасно стави до знаење дека има намера да се кандидира, но е толку далеку што е рано да се размислува“, одговори портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер од која беше побаран коментар за ова.

Пред една недела, истражувачката канцеларија на Универзитетот Квинипиак објави дека 54 отсто од поддржувачите на Демократската партија се против учеството на Бајден во претседателската трка во 2024 година.

Минатата недела тој процент падна на 36%, што е најниско ниво во последните 19 месеци откако Бајден влезе во Белата куќа.