Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Русија докажала дека е една од „последните империјални колонијални сили“ со нападот врз Украина, пренесе АФП.



Францускиот претседател Емануел Макрон е на турнеја низ Африка. Односите со овој континент се еден од приоритетите во дипломатијата на францускиот претседател. Со оваа посета, која ќе биде прва на Макрон надвор од Европа по неговиот реизбор во април, францускиот претседател има намера да испрати сигнал дека приоритет во неговата политика ќе биде африканскиот континент, забележува Елисејската палата.

Макрон вели дека „Русија започна офанзива против Украина и ова е војна за територија за која мислевме дека исчезна од европското тло. Ова е војна од почетокот на 20 век, дури и од 19 век“.

Еден ден претходно францускиот претседател ја обвини Москва дека ја користи храната како „воено оружје“.

Инаку, вчера заврши турнејата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Африка.