Тоа ќе бидат четврти парламентарни избори за една и пол година по неуспехот за формирање нова влада, пренесува БГНЕС анализа на агенијата Франс прес.
Социјалистичката партија во земјата планираше да претстави Програма за шестмесечна малцинска коалиција, но парламентот одби да го стави нејзиниот нацрт на гласање, со што индиректно го отфрли.
„Со оглед на ваквата состојба, утре (четврток) ќе му го вратиме мандатот (за формирање влада) на претседателот Румен Радев“, изјави вчера претседателот на парламентарната група на социјалистите, Георги Свиленски.
На почетокот на јули, реформската партија на бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков, соборена со гласање недоверба во јуни, исто така не успеа да собере мнозинство.
Конзервативната формација на ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов не се ни обиде да состави влада, сметајќи дека предвремените избори се неизбежни.
Шефот на државата сега ќе го распушти парламентот, ќе назначи привремена влада и ќе го одреди датумот за избори во рок од два месеци од распуштањето.
Во отсуство на стабилна влада, најсиромашната земја-членка на Европската унија ризикува да има потешкотии да пристапи до 5,7 милијарди евра од фондовите за закрепнување после Ковид и да се приклучи на еврозоната во 2024 година.
Според две истражувања на јавното мислење во јули, следниот парламент ќе биде исто толку фрагментиран и составен од кревка влада.
Партијата ГЕРБ и таа на Кирил Петков водат во анкетите за ставовите на граѓаните, пишува АФП.






