Фактор: Оштетени возила на македонски граѓани кои летуваат во Грција

Сопственици на десетина возила кои се одмор во Калитеа, на првиот крак од грчкиот полуостров Халкидики, ги најдоа автомобилите со искршени стакла и дупнати гуми, јавува порталот Фактор.



Најголем број од оштетените возила се со битолски регистрации паркирани до плажата во близина на холелот „Зевс“. Инцидентот бил пријавен и се чека на реакција на грчката полиција.

Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозени од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.

„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.