Регулаторната комисија за енергетика в петок (29.07) ќе одлучува за цената на парното, што зависи од цената на гасот кој е двојно поскап од лани. Сите најави во Европа се дека доаѓа најтешка зима, што ги подгреа стравувањата како ќе се затоплат домовите на граѓаните годинава, со оглед на цените на енергенсите кои вртоглаво растат.
Ситуацијата е дополнително позагрижувачка поради раскинувањето на договорот со Балкан енерџи груп (БЕГ) кој досега беше задолжен за затоплувањето на скопјани. Владата најави распишување на отворен повик за компанија која ќе ја преземе обврската, а во краен случај се најавува можноста грижата за парното да биде префрлена на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). До ваков развој на настаните дојде откако Регулаторната комисија за енергетика во јуни ги одзеде трите лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ).
Откако градоначалничката на Скопје,Данела Арсовска се изјасни дека Градот не може да го преземе парното, иако има претпријатие „Градски енергетски системи“, формирано токму за оваа намена, Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје, кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје, се задолжени да се јават во постапката за избор на компанија која ќе ја преземе обврската да обезбеди парно за главниот град.
Линк до целиот текст.







