Се исплаќаат јулските пензии

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, од денеска 27 јули можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, соопшти Министерството за труд и социјална политика.



Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата да се изврши на 27.7.2022 година (среда);

За пензии со висина 11 001 – 14 000 денари, исплатата да се изврши на 28.7.2022 година (четврток);

За пензии со висина 14 001 – 18 000 денари, исплатата да се изврши на 29.7.2022 година (петок), и

За пензии со висина над 18 001 денари, исплата да се изврши на 1.8.2022 година (понеделник).