Откако Русија од денеска драстично ги намали испораките на гас за Европа, само шест дена откако го продолжи снабдувањето што наводно го прекина поради ремонт на Северен тек 1, германскиот министер за економија, Роберта Хабек оцени:
„Ситуацијата е сериозна и тоа сега треба да им биде јасно на сите… Германија мора да ја намали потрошувачката на гас и постојано работи на тоа“, реќе тој како што пренесува ДПА.
„Земјата мора да се обедини и да каже – вистина е, Путин има гас, но ние ја имаме моќта“, изјави Хабек за телевизијата АРД во понеделникот вечерта.
„Газпром“ претходно најави дека испораките, кои беа на 40 отсто од капацитетот, ќе бидат намалени до максимум 20 отсто.
Русија ја оправда одлуката со поправка на уште една турбина.
Германскиот министер вели дека гас ќе има од Холандија и Норвешка.
Сега се зависи од тоа колку ќе заштедиме“, додаде тој, зборувајќи за можните сценарија за зимата. Ако има недостиг на гас, индустријата прво ќе трпи рестрикции, наместо приватните домаќинства или важни институции, како што се болниците.
„Се разбира дека сум многу загрижен дека ова може да се случи“, рече Хабек. Некои производни синџири во Германија и Европа може да бидат прекинати. Тоа сакаме да го избегнеме со сите сили“, рече министерот.
Тој објасни дека потрошувачката на гас во Германија мора да се намали за 15 до 20 проценти.






