Киев сака да ги врати териториите под руска контрола во следните три до шест недели. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Политико“.
На средба со делегација на американскиот Конгрес, Зеленски истакна дека после тоа ќе биде многу потешко да се направи ова.
„Следните неколку недели се клучни“, рекол Зеленски, инфрмира Адам Смит, претседател на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.
Претходно, првиот заменик министер за информации на Доњецката народна република (ДНР) Даниил Безсонов изјави дека територијата на републиката ќе биде целосно ослободена од присуството на украинските вооружени сили (ВСУ) до крајот на август оваа година.






