Каде се трите дузини тајни агенти на Пендаровски, или пак лажел и дефокусирал

Претседателот Пендаровски доби барање за расчистување на скандалозната изјава во која тој тврдеше дека најмалку 36 агенти на соседна држава влегле во Македонија за да предизвикаат насилство на протестите против бугаризација.



,,Две седмици поминаа од објавата на Пендаровски дека три дузини лица дошле од соседни држави за да прават проблеми.

Во меѓувреме, се дозна ли нешто, ги фатија ли, кои им биле целите, кој стои позади нив?
Или ова е уште една лажга за дефокус на Пендровски”, прашува пратеникот и полковник Драган Ковачки кој е член на комисиите за безбедносни прашања во Собранието.

По изјавата на Пендаровски беше протеран само еден странец и тоа Бугарин и тоа за шпионажа.

Бугаринот му бил близок на екс премиерот Заев.

Од останатите 36 тајни агенти на соседна држава кои ги спомена Пендаровски засега ни трага ни глас.

Според изјавата на Пендаровски една логична опција е власта знаела кои се луѓето и ги пуштила да влезат и да оперираат во Македонија по што ги оставила да ја напуштат земјата

Другата опција е тие да се се уште во Македонија.

Третата опција е Пендаровски да лажел.