Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Љупчо Пренџов му одговори на еврокомесарот за проширување Вархеи кој надвор од дипломатскиот протокол денеска ја нападна македонската опозиција и во исто време докажа дека СДСМ и ДУИ лажат кога тврдат дека Македонија почнала преговори со ЕУ.
,,👉Вархеј денес ни соопштил две важни работи:
– дека Македонија не започнала преговори со ЕУ туку дека само Албанија ги започнала и
– дека македонската опозиција е виновна што не прифаќа прво бугаризација па потоа европеизација на Македонија.
👉Мојата порака до него е прво да го праша неговиот колега и претходник Јоханес Хан зошто бевме излажани во 2018 година дека ако го промениме името ќе започнеме преговори со ЕУ?!
👉Додека Хан ни ги даваше овие ветувања, Заев и брат му Бојко се гледаа на секои 5 дена и Бугарија беше силен поддржувач во идејата да го смениме уставното име, да го решиме нашиот единствен и најголем проблем со цел отварање на патот кон ЕУ
👉Вие господине Вархеј секојдневно патувате низ ЕУ и Балканот, земате големи дневници и уште поголеми плати, после неколку години ви завршуваат мандатите и одите во удобна пензија, а ние Македонците со секој од вашите мандати губиме од достоинство и човекови права за кои нашите претци се бореле и ги положиле своите животи.
👉Следниот пат господине Вархеј внимателно бирајте ги зборовите кога се обраќате кон Македонија и Македонците и држете се до вашиот демократско-бирократски мандат” му порачува Пренџов на Вархеи и додава дека за тоа кој е “пијан”, а кој “трезен” во македонското Собрание, ќе проценат единствено гласачите на следните парламентарни избори.
Унгарскиот еврокомесар повторно доби незгодна порака од пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот што го запали бугарскиот протокол го подучи Вархеи кои се неговите црвените линии
Предходно Вархеи кој е Унгарец ја нападна ВМРО-ДПМНЕ дека е виновна што Македонија не почнува преговори со ЕУ.
Дрска порака од Вархеји: Македонската опозиција „да се отрезни“






