Протестот против пресудите за „Диво насеље“ во Скопје помина мирно

Ништо од наголемо најавуваниот протест против пресудите за осудените 38 лица во случајот во кумановската дива населба. Само група од стотина лица се појавија на закажаното место плоштадот „Скендербег“ откаде беше планирано да се упатат пред Општинскиот суд 1.
Ништо и од шпекулациите на социјалнуите мрежи дека групи „навивачи“ од Косово наводно се упатиле кон Македонија да се солидаризираат во барањето да се повлечат одлуките за осудените на вкупна казна затвор од 750 години.
Само стотина лица се појавија на настанот кој беше најавуван дури и од медиуми во Албанија. Тие од плоштадот „Скендер бег“ се упатија поред зградата на судот носејќи албански знамиња, слики од осудените и убиените во кумановската населба „Диво насеље на 9 и 10 мај 2015 година во судирот со македонските безбедносни сили кога загинаа 8 полицајци.
Попта дел од нив извикуваа УЧК УЧК…
Учесниците на протестот рекле дека излегле на улица поради двојните аршини на судот и бараат меѓународна истрага за целиот случај. Побарале да се расчистат и други случаи како „Монструм“ и „Бродец“, пренесе порталот СДК, а по кусото задржување пред Судот се разотидоа.
Основниот суд Скопје 1 на 2 ноември, изрече седум (а ден потоа уште една) доживотни казни затвор за кумановските настани. На 13 лица им беше изречена пресуда од40 години затвор, шест добија по 20, едно лице 18, две лица 14, две од 13, две по 12 години. Од осдомничените четворица беа ослободени поради немање докази
Адвокатите на осудените рекоа дека ќе се жалат на пресудите.
Незадоволство искажа и висок претставник на Алијансата на Албанците кои осудените ги прогласи за невини и побара меѓународни протести на албанските интелектуалци и политички елити.
За меѓународна истрага се заложи и косовскиот премиер Рамуш Харадинај кој во петокот ги мируваше демонстрантите кои протестираа пред македонскат амбасада во Тирана.
Претходниот ден во Гнилање во Косово имаше протести и беше запалено маедонско знаме.