Цената на дизелот „паѓа“ за 1,5 денари, на бензините – за денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, одлучи Регулаторна.



Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.

Од 26.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар); Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм).