Војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води против Украина е и војна против единството на Европа, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, цитиран од АФП.
„Не смееме да дозволиме да бидеме поделени, не смееме да дозволиме да биде уништено големото дело на обединета Европа што го започнавме толку ветувачки“ …
„Оваа војна не е само за територијата на Украина, туку за двојната заедничка основа на нашите вредности и нашиот мирен поредок“, рече тој.
Но, одбраната на тие вредности значи и да се биде подготвен да се „прифатат значителни негативни страни“, предупреди тој, без да елаборира.
„Дали сме подготвени за ова? Сите се соочуваме со ова прашање – денес и во наредните денови, недели и месеци, рече тој.
Русија не само што ги доведува во прашање границите, таа не само што ги окупира териториите на независна и суверена соседна држава , туку дури ја оспорува државноста на Украина“, додаде тој.






