Вчера на пристаништето во Солун пристигна првата испорака од 6 JLTV лесни оклопни возила за Македонија во рамки на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.
Вредноста на набавката на воена опрема е околу 210 милиони долари.
,,Ова е сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите”, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска.
👏Денеска на пристаништето во Солун, Р. Грција, пристигна првата испорака од 6 JLTV лесни оклопни возила во рамките на проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“.
👍Ова е сериозен исчекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите. pic.twitter.com/DRk9CvBDxL— Slavjanka Petrovska (@SlavjankaPetrov) July 23, 2022
Американската агенција за соработка во одбраната лани објави дека Стејт департментот донел одлука да одобри можна продажба на 54 борбени возила „Страјкер“ и сродна опрема во вредност од 210 милиони американски долари на земјава.
Информацијата тогаш ја дообјасни македонското министерство за одбрана според кое станува збор за „продолжување на веќе започнатиот повеќегодишен проект 2019-2024 година за набавка на лесни оклопни возила како главен проект во Долгорочниот план за развој и модернизација на Армијата при што учеството на Владата на САД ќе изнесува околу 20-25% од вкупната сума“.
„Проектот вклучува купопродажба од две американски компании – „Oshkosh Defense” и „General Dynamics Land Systems“.
Во првата фаза се планирапе да бидат набавени околу 20 возила „STRYKER“, а испораката на возилата се очекуваше да отпочне од 2022 година. Набавката ќе продолжи и во наредните години (од 2019-2024), а треба да заврши до 2025 или 2026 година“, изјавија тогаш од одбрана.
Македонската влада на крајот на 2020 година најави дека ќе го продолжи процесот за набавка на лесни оклопни возила од САД кој вклучува и придружна опрема – тешки митралези, лансери за чадни гранати, резервни делови, специјални алати и опрема за тестирање, услуги за инженерска, техничка и логистичка поддршка на владата на САД, објави лани Гласот на Америка.





