На Граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека од 40 до 60 минути, а на Граничниот премин „Богородица“ за излез од 30 до 40 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 1 јули започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и тоа во петок од 17 до 22 часот, сабота од 09 до 18 и недела од 9 до 22 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.







